Опремена просторија во ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија за дополнителна образовна поддршка на децата со попреченост
ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија, во рамки на
проектот: „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ финансиран од Европската Унија, е едно од 40 училишта- грантисти кое доби поддршка за подобрување на пристапноста и средината за учење за учениците со попреченост. Имено, во OOУ „Крсте Мисирков“ во Гевгелија е опремена просторија со сензорни елементи и дидактички материјали, со чија помош соработниците и наставници од ова училиште ќе можат да обезбедат дополнителна образовна поддршка за учениците со и без попреченост.
Инаку, проектот: „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, финансиран од Европската Унија, го спроведуваат: Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во соработка со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“, како и Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието. Овој проект има за цел подобрување на можностите за образование на децата со попреченост и придонесува кон развитокот на инклузивен несегрегиран потсистем на основно образование, кој е отворен за сите и обезбедува висококвалитетна настава и осмислени можности за учење на сите ученици со попреченост, и на тој начин ја зајакнува нивната социјална и образовна инклузија. Тежнее кон целосен и еднаков пристап на децата со попреченост до редовните училишта и им помага училиштата во подобрување на подготвеноста и капацитетите за осмислена инклузија преку обезбедување на пристапни и стимулативни средини за учење, како и високо квалитетна прилагодена настава за учениците со најразлични образовни посебни потреби, вклучувајќи физичка, сетилна и интелектуална попреченост.