Бетонирани нови улици и улични краци во Миравци и Петрово
Во населените места Миравци и Петрово, бетонирани се
нови улици и улични краци, при што градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, изврши увид по нивната изградба.
- Изградбата на овие улици е од витално значење, бидејќи со години наназад, заради тешката пристапност на механизацијата беа неизградени, отежнувајќи го сообраќајното движење на жителите во Миравци и Петрово. Ветив и давам посебен фокус за решавање на долгогодишните проблеми во сите населени места, истакна Сарамандов, информирајќи дека во претстојниот период Општина Гевгелија ќе продолжи со подобрувањето на патната инфраструктура и во останатите населени места преку реализација на Програмата за изградба, реконструкција и рехабилитација на општинските патишта и улици за 2023 година.