Изградба на нова водоводна линија во Богородица
Започна изградбата на нова водоводна линија
во населеното место Богородица за обезбедување квалитетно водоснабдување во ова населено место. Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, изврши увид во воведувањето во работата за изградба на водоводна линија на потегот Гевгелија- Богородица. Имено, со проектот е предвидена изградба на нов цевковод во должина од 2.700 метри и санација на дел од постоечката линија, која минува под Мостот на реката Вардар, поради дотраеноста и честите прекини во водонасбдувањето.
Со изградбата на новата водоводна и санација на постоечката линија, ќе се решат долгодишните проблеми на жителите во Богородица, обезбедувајќи им квалитетно водоснабдување и зголемен капацитет на вода за пиење.