По враќањето од Турција, гевгелиските пожарникари на прием кај Градоначалникот
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов,
денеска оствари средба со четворицата пожарникари кои вчера се вратија од спасувачката мисија за справување со последиците од катастрофалниот земјотрес во Турција. Во негово име и името на сите граѓани од општина Гевгелија, им изрази благодарност за успешното учество во спасувачката мисија и покажаната хуманост и човечност. Покрај тоа, се разговараше и за заложбите во зајакнување на капацитетите на ТППЕ- Гевгелија за справување со елементарни непогоди.
Четворицата пожарникари од ТППЕ- Гевгелија, беа испратени од Општина Гевгелија како дел од републичките сили за заштита и спасување, кои заминаа во спасувачка мисија во пријателска Турција, за што од Општинскиот буџет беа издвоени посебни средства.