Градоначалникот Сармандов во посета на Јабланица
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов,
ја предводеше општинската делагација, која присуствуваше на прославата на Денот на ослободувањето на Јабланица, БиХ, - 22 Февруари. По тој повод, беа одржани повеќе свечености, а Советот на Општина Јабланица одржа свечена седница, на која, во име на збратимените општини - гости на седницата, се обрати градоначалникот Сарамандов:
- Ми претставува огромна чест и задоволство што се наоѓам меѓу вас и заедно со граѓаните на збратимената Општина Јабланица, го одбележуваме Денот на ослободувањето на Јабланица. Дозволете ми да Ви упатам искрени честитки, во мое и во име на граѓаните на општина Гевгелија и да Ви посакам добро здравје, благосостојба и успех. Моја желба е Гевгелија и Јабланица да ја продолжат и унапредат соработката како збратимени општини. Веќе имаме успешна соработка на културен план, а со начелникот на општина Јабланица, Дамир Шабановиќ, се согласивме дека во иднина е потребно да ја прошириме соработката и на стопански план, бидејќи и Гевгелија и Јабланица со својата местоположба имаат туристички потенцијали за нови инвестициони проекти. Кога желбата за соработка и пријателство е заедничка, тогаш ваквата цел е остварлива, рече Андон Сарамандов.
За време на посетата на Јабланица, покрај присуството на бројните настани по повод Денот на ослободувањето на Јабланица, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, присуствуваше на средбата на претставниците на збратимените општини што ја организираше начелникот, Дамир Шабановиќ. На средбата стана збор за можностите на натамишно унапредување на соработката.