ДУП за дел од централното градско подрачје на увид пред граѓаните
Вчера, во Народниот театар- Гевгелија, пред присутните граѓани
од општина Гевгелија, беше одржана повторена јавна презентација и јавна анкета за Детален урбанистички план за блоковите 1.2, 2.1 и 2.0 КO Гевгелија, општина Гевгелија. Деталниот-Урбанистички за Блок 1.2, Блок 2.1 и Блок 2.2, општина Гевгелија зафаќа површина од 24,24 ха. Предметниот плански опфат е дефиниран со следните граници:
- на север границата се движи по осовината на постојната сервисна улица „Слободан Митров Данко“,
- на исток продолжува по осовината на сервисната улица „Борис Кидриќ“,
- на југ се движи по осовината на собирната улица „Маршал Тито“ и
- на запад по осовините на станбените улици „Гевгелиски Партизански одреди“ и „7 Ноември“.
Деталниот Урбанистички план за Блок 1.2, Блок 2.1 и Блок 2.2, општина Гевгелија е изложен во просториите на Одделението за урбанизам, градежништво, архитектура и заштита на животната средина на Општина Гевгелија и јавната анкета трае 5 работни дена, до 03.03.2023 година. Во спомнатиот рок, од 08:00 до 16:00 часот, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забeлешки, предлози и мислења на анкетните листови кои можат да ги подигнат во Одделението за урбанизам, градежништво, архитектура и заштита на животната средина при Општина Гевгелија или преку информацискиот систем е-урбанизам.