Објавени на продажба градежни парцели за домување во станбени куќи
Општина Гевгелија огласи на продажба 5 градежни парцели
за домување во станбени куќи, сопственост на РСМ. Градежните парцели за домување во станбени куќи се наоѓаат на дел од КП 392/104, КО Гевгелија, на местото викано „Караорман“. Површините на парцелите се движат од 309 до 599 метри квадратни, а почетната цена по метар квадратен изнесува 61 денар. Продажбата на петте парцели ќе се одвива по пат на електронско јавно наддавање (www.gradezno-zemjiste.mk), на 29 март, 2023 година, почнувајќи од 09:00 до 11:00 часот, во траење од 15 минути за секоја огласена парцела посебно.
Заинтересираните правни и физички лица пријавите за учество на јавното наддавање треба да ги достават по електронски пат на следната интернет-страница: www.gradezno-zemjiste.mk, до 27.03.2023 година.
Повеќе информации за целата постапка можат да се најдат на следниот линк: Објава бр. 01/2023 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско наддавање