Огласи за набавка на униформи и медицинска опрема за лични асистенти и преграден магацински простор
Во рамки на реализацијата на доделениот грант
од Министерството за труд и социјална политика на Општините Гевгелија и Богданци и ОО Црвен крст- Гевгелија за воспоставување на услугата лична асистенција, ОО Црвен крст- Гевгелија објави огласи за набавка на униформи и медицинска опрема за лични асистенти и преграден медицински простор. Потребната тендерска документација за трите огласи е објавена на официјалната веб-страница на Општина Гевгелија во делот Соопштенија и на Бирото за јавни набавки.
Понудите со потребната документација во хартиена форма треба да се достават на следнава адресa: Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Гевгелија, ул. „Ѓорѓи Велков бр.12“- Гевгелија, 1480. Крајниот рок за доставување на понудите е 13 март, до 16:00 часот. Набавките ќе се спроведат во согласност со „Прописите за набавки на Светска Банка за финансирање на инвестициски проекти (ФИП) - набавки за ФИП за стоки, градежни работи, неконсултантски и консултантски услуги, (Прописи) од јули 2016 година, ревидирано во ноември 2017 година“.
Oглас за набавка на униформи за лични асистенти
Оглас за набавка на медициснка опрема за лични асистенти
Оглас за набавка на преграден магацински простор