Советот на Општина Гевгелија ќе заседава на 28 март
Советот на Општина Гевгелија на 28 март, 2023 година,
ќе ја одржи својата 25. седница, на која ќе се расправа за повеќе предлози, заклучоци и решенија поврзани со надлежностите на Општина Гевгелија. Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандо,в ќе ги информира членовите на Советот за своето едногодишно работење. Исто така, Советот ќе расправа по Предлог-Програмите за контрола на популацијата на бездомни кучиња на подрачјето на општина Гевгелија и дезинфекција, дезинсекција и дератизација во општина Гевгелија за 2023 година и носењето Одлуки за сопствено учество на Општина Гевгелија за проекти- Поставување урбана монтажна опрема во функција на пазар во н.м. Миравци и Техничка документација за нови регионални проекти.
Од областа на урбанизмот, ќе се разгледат неколку иницијативи од баратели за изработка на урбанистички проекти и урбанистичко-планска документација. На дневниот ред за 25. седница, ќе се најдат и финансиските документи ина образовните и културните институции во општината и на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија. Седницата ќе се одржи во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 10:30 часот. За работата на Советот на Општина Гевгелија на 25. седница, е предвиден следниот дневен ред:
1. Извештај за работата на Градоначалникот на Општина Гевгелија за 2022 година,
2. Предлог-Програма за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на општина Гевгелија за 2023 година,
3. Предлог-Програма за дезинфекција, дезинсекција и дератизација во општина Гевгелија за 2023 година,
4. Предлог-Одлука за сопствено учество на Општина Гевгелија во проект за „Поставување на монтажна урбана опрема во функција на пазар во населено место Миравци, општина Гевгелија – Општина Гевгелија“,
5. Предлог-Одлука за сопствено учество на Општина Гевгелија во проект „Техничка документација за нови регионални проекти“,
6. Предлог-Одлука за прифаќање на донација од Фондацијата „ИЦЕ БЕГОВ“ – Скопје,
7. Предлог-Заклучок за изработување на Правилник за начинот за распределба на средства до субјектите – корисници од областа на спортот,
8.Предлог-Одлука за утврдување потреба за прифаќање на иницијатива од барателот за изработка на урбанистички проект вон опфат од урбанистички план (УП) за КП бр.1534/1 КО Давидово (барател: Ирена Тошева од Гевгелија),
9. Предлог-Одлука за утврдување потреба за прифаќање на иницијатива од барателот за изработка на урбанистички проект (УП) за КП бр.1005 и КП бр.1471/1 КО Негорци (барател: Драги Трајков од Негорци),
10. Предлог-Одлука за утврдување потреба за донесување на урбанистичко-планска документација за КП бр. 4629 КО Негорци (барател: Марика Кралева од Гевгелија),
11.Предлог-Одлука за утврдување потреба за прифаќање на иницијатива од барателот за изработка на урбанистички проект (УП) за КП бр.19 КО Конско, м.в. „Круша“ (барател: Ѓорги Ристов од Прдејци),
12. Предлог-Одлука за прифаќање на иницијатива за изработка на урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела и определување на површина за градба на КП бр.1269/2 со намена Г4.4- Специјализирани складишта, КО Мрзенци – општина Гевгелија (барател: Мики Величковски од Мрзенци),
13. Предлог-Решение за усвојување на Годишната завршна сметка за 2022 година на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија.
14. Предлог-Решение за усвојување на Завршната сметка на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија за 2022 година,
15. Предлог-Решение за усвојување на Годишната сметка на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија за 2022 година,
16. Предлог-Решение за усвојување на Годишната сметка на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци за 2022 година,
17. Предлог-Решение за усвојување на Годишната сметка на ООУ „Климент Охридски“- Миравци за 2022 година,
18. Предлог-Решение за усвојување на Годишната сметка на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија за 2022 година,
19. Предлог-Решение за усвојување на Годишната завршна сметка на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија за 2022 година,
20. Предлог-Решение за усвојување на Годишната сметка на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија за 2022 година,
21. Решение за усвојување на Годишната сметка на ЈОУ Работнички универзитет „Кирил и Методија“- Гевгелија за 2022 година,
22. Предлог-Решение за усвојување на завршната сметка на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз-Тито“- Гевгелија за 2022 година,
23. Предлог-Решение за усвојување на годишниот финансов план на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз-Тито“- Гевгелија за 2023 година,
24. Предлог-Решение за усвојување на годишниот извештај за работата на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз-Тито“- Гевгелија за 2022 година,
25. Предлог-Решение за усвојување на годишната Програма за работа на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз- Тито“- Гевгелија за 2023 година,
26. Предлог-Заклучок за усвојување на Извештајот за работата на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Гевгелија за 2022 година,
27. Предлог-Заклучок за усвојување на Програмата за работа на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Гевгелија за 2023 година,
28. Предлог-Заклучок за усвојување на Полугодишниот извештај за јавната безбедност на подрачјето на општина Гевгелија (период: 01.07.2022 г. – 31.12.2022 г.),
29. Информација за работењето на АД Водостопанство на РСМ, Подружница „Јужен Вардар“- Гевгелија,
30. Предлог-Решение за давање согласност на финансискиот извештај на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за периодот 01.01.2022 г. – 31.12.2022 г.
31. Предлог-Решение за давање согласност на Годишната сметка на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за 2022 година,
32. Предлог-Решение за давање согласност на Извештајот за работењето на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за 2022 година.