Легендарната Весна Бејби Петрушевска ќе настапи во Гевгелија
Во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија,
на 6 април 2023 година, во Народниот театар- Гевгелија ќе гостува актерката Весна Бејби Петрушевска со stand up-настап „Влези, не се соблакај“. Влезниците чинат 200 денари, а можат да се купат во Народниот театар- Гевгелија, секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот и пред почетокот на настанот.
Имено, со оваа stand up претстава, во 2019 година, Весна Бејби Петрушевска ја одбележа својата 25-годишнина од брак со Македонскиот народен театар. Ќе истакне дека со нејзиниот настап ќе ја насмее и расплаче публиката, но ќе ја испрати со љубов преку раскажаните доживувања, приказни, случки, ситуации на забавен и едноставен начин.