Светскиот ден на театарот одбележан и во Гевгелија
Tринаесет дечиња од Драмската секција при
ЈОУ Дом на културата „Македонија“- Гевгелија, под менторство на Катица Џишева Дупарова, го одбележаа Светскиот ден на театарот со камишибаи интерпретација на сказната „Пепелашка“. Присутната публика имаше можност аудитивно и визуелно да ја доживее „Пепелашка“ преку детскиот глас на членовите на Драмската секција и менување на илустрациите во сценско кутивче, нацртани од ликовниот уметник Александар Јанев, кој раководи со Ликовната секција во рамки на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија.
Пред интерпретацијата на „Пепелашка“, на публиката и беше прочитaн дел од светската порака за Интернационалниот ден на театарот, напишана од египетската актерка Самиха Ајуб и објаснет терминот камишибаи како јапонска форма на театарско изразување- уметност на слики што зборуваат, се движат и раскажуваат приказна.