Одржана 25. седница на Советот на Општина Гевгелија
На последната 25. седница, Советот на Општина Гевгелија,
од страна на Градоначалникот на општина Гевгелија беше информиран за неговото работење во 2022 година. По обраќањето на Градоначалникот, во расправата учествуваа повеќе членови на Советот на Општина Гевгелија. Покрај ова, Советот на Општина Гевгелија ги донесе Програмите за контрола на популацијата на бездомни кучиња и за дезинфекција, дезинсекција и дератизација во општина Гевгелија за 2023 година.
Имено, Советот на Општина Гевгелија донесе одлука за прифаќање на донацијата од Фондацијата „Ице Бегов“- Скопје - наменско возило со пристапна рампа за Општина Гевгелија, кој ќе биде наменет за превоз на лица со телесен инвалидитет и друга попреченост. Од областа на урбанизмот, беа прифатени неколку иницијативи од баратели за изработка на урбанистички проекти и урбанистичко-планска документација. Исто така, беа усвоени и Завршните сметки на образовните и културните институции, како во општина Гевгелија, како и буџетските документи на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија.