Минатата година, Советот на Општина Гевгелија одржал 17 седници
Во текот на 2022 година, Советот на Општина Гевгелија одржа
17 седници, на кои на дневен ред се најдоа 290 акти од неговата надлежност, од кои 259 беа донесени. Работните тела на Советот на Општината одржаа 107 седници, на кои беа разгледани 290 акти, поточно, сите оние материјали што потоа се најдоа на дневен ред на Советот на Општина Гевгелија. Покрај бројните акти, Советот на Општина Гевгелија расправаше и по повеќе извештаји, информации и други стратешки документи значајни за функционирањето на локалната самоуправа.
Притоа, се настојуваше за навременото донесување на предложените акти и документи, особено, кога стануваше збор за Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година, Завршната сметка на Општинскиот буџет за 2022 година, како и другите стратешки документи врзани со законски рокови. Со навремено постапување и спроведување на своите надлежности, во текот на изминатата година, Советот на Општина Гевгелија придонесе за непречено функционирање на локалната самоуправа, но истовремено и за развој на општината.