На 27 април, 26. седница на Советот на Општина Гевгелија
На 26. седница, закажана за 27 април, 2023 година,
Советот на Општина Гевгелија ќе расправа по Предлог-Одлуката за зголемување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година и Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01. до 31.03.2023 година. Како и по измените и дополнувањата на Финансовите планови на општинските училишта и детската градинка за 2023 година.
Предвидено е на 26. седница да бидат донесени Програмата на Општина Гевгелија за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести и Програмата за работа на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во општина Гевгелија за 2023 година. Покрај овие акти, Советот ќе расправа и по прифаќањето иницијативи од областа на урбанистичкото и просторно планирање, а градоначалникот Сарамандов ќе одговара на советнички прашања. 26. седница на Советот на Општина Гевгелија ќе се одржи во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 10:30 часот. За работа на седницата е предвиден следниот дневен ред:
1. Предлог-Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за спроведување на Програмата за развој на Југоисточниот Плански Регион за 2022 година,
2. Предлог-Одлука за зголемување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година,
3. Предлог- Решение за усвојување на измените и дополнувањата на Финансовиот план на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија за 2023 година по ставки и потставки за сметка 715010824990313,
4. Предлог- Решение за усвојување на измените и дополнувањата на Финансовиот план на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија за 2023 година по ставки и потставки за сметка 715010808790313,
5. Предлог- Решение за усвојување на измените и дополнувањата на Финансовиот план на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија за 2023 година по ставки и потставки за сметка 715010807990313,
6. Предлог- Решение за усвојување на измените и дополнувањата на Финансовиот план на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци за 2023 година по ставки и потставки за сметка 715010810990317,
7. Предлог- Решение за усвојување на измените и дополнувањата на Финансовиот план на ООУ „Климент Охридски“- Миравци за 2023 година по ставки и потставки за сметка 715010809590316,
8. Предлог- Решение за усвојување на измените и дополнувањата на Финансовиот план на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија за 2023 година по ставки и потставки за сметка 715010825790316,
9. Предлог- Решение за усвојување на измените и дополнувањата на Финансовиот план на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија за 2023 година по ставки и потставки за сметка 903,
10. Предлог-Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01. до 31.03.2023 година,
11. Предлог-Одлука за донесување на Урбанистички проект со план за парцелација за промена на граници на ГП 3.05 кон ГП 3.04 и ГП 3.06, дел од Блок 3 од Измена и дополнување на УПВНМ за мултинаменски стопански комплекс на потегот Гевгелија- граничен премин „Богородица“, со детална разработка на ГП 3.05 со намена Б5.1- хотелски комплекс,
12. Предлог-Одлука за прифаќање на Иницијатива за разработка на Урбанистички проект вон опфат на Урбанистички план со намена Е1.13- Површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) на дел од КП 291, дел од КП 292, КП 299, КП 300, КП 301, КП 302, КП 303, КП 304 и КП 305, КО Богородица, општина Гевгелија,
13. Предлог-Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести во општина Гевгелија за 2023 година,
14. Предлог-Заклучок за усвојување на Програмата за работа на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во општина Гевгелија за 2023 година,
15. Предлог-Одлука за утврдување на максималниот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и на директорот во ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија за 2023 година,
16. Предлог-Одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на плата на административните службеници вработени во ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија за 2023 година,
17. Советнички прашања.