Преку Еразмус, учениците од Машинската струка при СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Германија
Покрај успешните реализирани проекти од
секторот Угостителство и туризам и секторот Економија, право и трговија, за прв пат во Еразмус+ проектите зачекорува и секторот Машинство при СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија со вкупно 14 ученици и 2 наставника од квалификацијата машински техничар за моторни возила. Мобилноста ќе се изведува во Република Германија во периодот од 18.04-02.05.2023 година.
Преку Еразмус проектите, учениците ќе се стекнат со нови знаења, вештини и искуства и ќе се запознаат со технолошките процеси на некои од светски познатите компании што им овозможува огромна предност во процесот на вклучување на пазарот на труд. Од друга страна пак, професорите разменуваат искуства за наставните програми во средното стручно образование и преку здобиената обука ги применуваат новите наставни техники и методи за работа во нашиот образовен систем.
Младинската мобилност е неопходна за развој на претприемнички компетенции и зајакнување на учење засновано на пракса меѓу учениците, а севкупната меѓународна соработка и размена на знаење е особено важна за градење на капацитетите кај наставниот кадар.