Гевгелиските победници во футсал, гости на градоначалникот Сарамандов
Младите фудбалери и нивниот ментор, кои,
минатата недела, на одржаното Државно првенство во футсал за средни училишта во Гевгелија и ја донесоа победата на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија и ги направија горди гевгеличаните, беа гости на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов. На средбата со Градоначалникот, разговараа за патеките по кои ќе продолжат да го негуваат спортскиот дух и, воопшто, училишниот спорт. Имено, Сарамандов им посака понатамошниот живот, како на приватен, така и на професионален план, со желби дисциплината и посветеноста да им бидат водилка во спортската кариера.
Исто така, од страна на градоначалникот Сарамандов беше истакнато дека Општина Гевгелија ќе продолжи со поддршката на училишниот спорт, затоа што од него извира потенцијалот на здравиот дух и се формираат идни спортисти. Особено, радувајќи го фактот, што во изминатиот период Гевгелија и спортската сала „26 Април“ беа домаќини на значајни спортски настани, на кои како на локално, така и на државно и меѓународно ниво, беа постигнати врвни резултати.