Расте интересот на родителите за локалната сервисна услуга „Секое дете со својата автентичност“
Во рамки на проектот: „Секое дете со својата автентичност“,
во просториите на ОО Црвен крст- Гевгелија се одржа и втората работилница на тема: „Аутизам и екранизам“. Уште еднаш се потврди потребата од оваа локална сервисна услуга со големиот број пријавени родители кои ја проследија работилницата, на која изглагаа ангажираните стручни соработници.
ОО Црвен крст- Гевгелија ја најави и третата работилница која е закажана за 19 мај 2023 година, која, исто така, ќе се одржи во просториите на хуманитарната организација, со почеток во 18:00 часот. На истата ќе се работи со родителите на тема: „Движењето- темел на учењето (значењето на моториката). Родителите кои сакаат да бидат дел од оваа работилница, треба да го најават своето учество директно во просториите на ОО Црвен крст- Гевгелија или на телефонските броеви: 078 446 118 и 077 750 120.
Овој проект, поддржан и од Општина Гевгелија, предвидува уште 5 работилници, а неговата цел е да ги стави на располагање сите ресурси на родителите, чии деца се во фаза на раниот раст и развој