27. седница на Советот на Општина Гевгелија
На 27. седница, Советот на Општина Гевгелија донесе
повеќе одлуки и решенија. Имено, Советот ги усвои Измените и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година. Исто така, беа донесени и Одлуки за одобрување на Проектот за изработка на техничка документација за поставување фотоволтаични панели на образовните институции, детски градинки и градски пазар во општина Гевгелија и за сопственото учество на Општина Гевгелија за реализација на истиот поврзани со апликацијата на Општина Гевгелија за финансиска поддршка од Фондот за техничка документација со поддршка од Проектот на УНДП за јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти- Фаза 2“, финансиран од Шведската агенција за меѓународна соработка (СИДА) и Бирото за регионален развој. Како и за сопствено учество на Општина Гевгелија во реализацијата на проектот: „Е-полначи за електрични возила: Tехничка документација“, исто така, во рамки на аплицирањето на повикот на ФТД.
Покрај тоа, на 27. седница, Советот даде согласност за измена и дополнување на Годишниот план на Општина Гевгелија за вработување за 2023 година, како и на Годишните планови за вработување на СОУ „Јосиф Јосифовски“ и основните училишта во Гевгелија за 2024 година. Притоа, беше усвоен и Социјалниот план на Општина Гевгелија со важност 2023-2026 година и донесенa Одлукa за давање на времено користење недвижна ствар во сопственост на Општина Гевгелија, како и утврден предлогот за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општините Гевгелија, Богданци и Дојран за дејствување на ТППЕ- Гевгелија во случај на пожари на подрачјата на Богданци и Дојран. Од областа на урбанистичкото и просторно планирање, беше прифатена иницијатива од барател за изработка на Урбанистички проект. Исто така, на 27. седница, Советот дискутираше и по Финансовиот извештај на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за периодот 1 јануари - 31 март 2023 (кумулативно). Членовите на Советот на Општина Гевгелија, од страна на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија беа информирани за состојбата и активностите за кучињата скитници и за состојбата со снабдување вода за пиење во сите населени места од Општина Гевгелија, а од страна на ЈУ МЦСР- Гевгелија за состојбата за употреба на наркотици и психотропни супстанци кај младите во општината.