Излезе 101. број на „Гевгелиски магазин“
Излезе новиот број на општинското гласило
„Гевгелиски магазин“. Тематски, „Гевгелиски магазин“ се осврнува на последните актуелни случувања на Балканот- трагичниот настан во Србија кој ја потресе целата јавност, но и за преземените активности во општина Гевгелија во врска со врсничкото насилство и неговото сузбивање и спречување. 101. издание информира за остварувањето на надлежностите на Општина Гевгелија, како и за работата на Советот на Општина Гевгелија во изминатиот период.
На неколку страници е опфатено интервјуто со Стефан Марковски, директор на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија, писател и уредник, кој во прашањата поврзани со неговата функција и лични остварувања дава одговори суштествени за развојот на библиотекарството и современата македонска литература.
Во новиот број, застапени се и прилози за културните и спортските случувања во градот, како и активностите и успесите на младите во различни сфери од општественото живеење.