Oпштина Гевгелија со Јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во ОКР Програмата 2023
Општина Гевгелија, годинава, ќе биде дел од
Програмата на УНДП „Општинско- корисна работа“ со ангажмани на три фасилитатори за унапредување на социјални услуги во рамки на Проектот: „Истражување за унапредување на социјалниот дијалог“. За таа цел, Општина Гевгелија објави Јавен повик до евидентирани невработени лица од општина Гевгелија за вклучување во ОКР Програмата. Ангажманите со скратено работно време (20 работни часа неделно) на тројцата анкетари ќе траaт 9 месеци и ќе бидат финансиски поддржани од УНДП и кофинансирање од Општина Гевгелија.
Право на учество на Повикот имаат сите евидентирани невработени лица и корисници на гарантирана минимална помош, без да го изгубат правото на користење. Предност ќе имаат оние кои за првпат се јавуваат за учество во Програмата. Заинтересираните невработени лица можат да поднесат пријави за учество во Агенцијата за вработување- Центар за вработување- Гевгелија до 13 јуни, од 09:00 до 14:00 часот.
Повеќе податоци за Повикот- Јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во ОКР Програмата.
„Општинско- корисна работа” е мерка како дел од Оперативниот план на Владата на РСМ за активни програми и мерки и услуги на пазарот на трудот за 2023 година. Програмата претставува активност која овозможува унапредување на системот за обезбедување социјални услуги на локално ниво преку надополнување на постојните или воведување нови услуги. Таа промовира партиципативен пристап во дефинирањето на потребите и дизајнирањето на услугите, преку инволвирање на заедницата и институциите на локално ниво.
Програмата „Општинско- корисна работа” (ОКР) ја реализираат заеднички Министерството за труд и социјална политика (МТСП), Агенцијата за вработување (АВРМ), Центрите за вработување (ЦВ), Центрите за социјална работа (ЦСР), единиците за локална самоуправа (ЕЛС) и Градот Скопје, локалните институции и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), а истата се финансира од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ и учество со кофинансирање на општините во износ од 20% од месечниот надоместок.