Започна изградбата на улицата „Драгослав Ортаков“ во Гевгелија
Во Гевгелија, започна изградбата на улицата „Драгослав Ортаков“,
во должина од 400 метри. Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, изврши увид на почетокот на градежните работи за изведба на долен строј, асфалтирање и поставување рабници. Според него, по донесувањето на Урбанистичкиот план за Блок 4.4, се наметна потребата за изградба на оваа улица, имајќи предвид дека се поврзува со улицата „Кожув“ и се наоѓа во близина на Детската градинка „Сончогледи“.
Притоа, градоначалникот Сарамандов ја најави и изградбата на улицата „Кожув“ по завршувањето на изведбените работи за реконструкција на фекалната канализација и изградбата на новата атмосферска канализациона мрежа. Со што ќе се решат долгогодишните проблеми на жителите во немањето соодветни услови за пристап до патна инфраструктура и отежнатото одвивање на сообраќајот, како и соодветна комунална инфраструктура.