Во општина Гевгелија, 228 ученика ќе следат настава во прво одделение
Во септември од новата учебна година 2023/2024 година,
за првпат во училишните клупи ќе седнат 228 првачиња. Согласно реонизацијата на училиштата и живеалиштето на децата, во ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија се запишани вкупно 86, а во ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија 100 првооделенци. Додека, во ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци и ООУ „Климент Охридски“- Миравци, настава во прво одделение ќе следат по 21 ученик.
Годинашниот Конкурс за упис на првачиња во учебната 2023/2024 година ги опфати дечињата родени во текот на 2017 година, како и дечињата родени во текот на јануари 2018 година. Минатата година, во прво одделение биле запишани 220 ученици, за 8 помалку од вкупниот број годинава.