9.490 евра сопствено учество на Општина Гевгелија за реализација на Проектот: „HUB- вештини на иднината“
Општина Гевгелија ќе издвои сопствено учество
во висина од 9.490 евра во денарска противредност за реализација на Проектот „Иновативен тренинг HUB- вештини на иднината“, одлучи Советот на Општина Гевгелија на 28. седница. Имено, средствата од Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година ќе бидат наменети за Проектот со кој СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија аплицираше на Вториот јавен повик на Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ) и е еден од 6. добитници на грант во износ од 507.000 евра. Средствата ќе бидат искористени за инвестиции во опрема, инфраструктура и спроведување на дуално образование или кооперативна обука во установи за стручно образовани за наставниците, учениците и менторите од партнер-компаниите.
Всушност, реализацијата на Проектот опфаќа надоградба на нови простории, адаптација на дел од постоечките простории со вкупна површина од 200 метри квадратни, набавка на нова опрема соодветна на технолошкиот развој и обука во 10 компании за подобра пракса и вработување на учениците кои следат настава во средно стручно образование. Како што велат од СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, Тренинг-центарот ќе биде модерен, еколошки и одржлив, со овозможување на учениците подобри професионални вештини и можност за подобра конкурентност на пазарот на трудот.