Марија Јовановска, нов член во Локалниот младински совет на Општина Гевгелија
Марија Јовановска од „Мултимедија“
Здружение за мултимедијална култура од Скопје е нов член во Локалниот младински совет на Општина Гевгелија по верификацијата на нејзиниот мандат од страна на Советот на Општина Гевгелија на вчерашната 28. седница.
Имено, Локалното собрание на млади на Општина Гевгелија, на 4. седница одржана на 16 јуни 2023 година, по констатирањето на оставката на Атанас Епов како член од АК „7 Ноември“- Гевгелија во Локалниот младински совет на Општина Гевгелија, заседаваше за избор на нов член и полноправно донесе одлука Марија Јовановска од „Мултимедија“ да го пополни испразнетото место. За што поднесе предлог до Советот на Општина Гевгелија за верификација на нејзиниот мандат како нов член во Локалниот младински совет на Општина Гевгелија.