Второто прскање против комарци на 7 јули во Гевгелија
На 7 јули 2023 година (петок), на подрачјето
на општина Гевгелија, ќе се изведе второто прскање против комарци, согласно планот за активности во рамки на годинашниот третман што го организира Центарот за развој на Југоисточниот Плански Регион. Со почеток од 10:00 часот, ќе биде изведена ларвицидната дезинсекција, а теристичката дезинсекција против возрасни комарци во вечерните часови, односно со почеток од 23:00 часот.
За таа цел, се известуваат сите сопственици на пчелни семејства да преземаат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат пред изведбата на теристичката дезинсекција во најавениот период. Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе биде одложена и предвреме најавена за нејзиното извршување.