Втора јавна презентација и јавна анкета за ДУП, Блок 15.11, општина Гевгелија
Општина Гевгелија организира втора јавна презентација
и јавна анкета за Детален урбанистички план, за Блок 15.11, општина Гевгелија. Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи во Народниот театар- Гевгелија, на 25.07.2023 година (вторник), со почеток во 11:00 часот. Деталниот урбанистички план за Блок 15.11, општина Гевгелија ќе биде изложен во просториите на Секторот за урбанизам, градежништво, архитектура и заштита на животната средина на Општина Гевгелија, а е објавен и на веб-страната на Општина Гевгелија, во делот Соопштенија. Јавната анкета ќе трае 10 работни дена, односно од 25.07. до 08.08.2023 година, од 08:00 до 16:00 часот.
Деталниот урбанистички план за Блок 15.11, општина Гевгелија зафаќа површина од 1,62 ха. Предметниот плански опфат е ограничен со осовините на собирна улица „Новопланирана 1“ на север, сервисна улица „СЕ-9“ на запад и продолжува по западните граници на КП 405/2 и КП 405/1 до пресекот со границата на КП 5867 и се движи по северозападната граница на КП 5867, 5863/1, 5863/2, 5857 и КП 5856/1 до пресекот со осовината на собирна улица „Новопланирана 1“.
Во спомнатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени заблешки, предлози и мислења на анкетните листови кои можат да ги подигнат во Одделението за урбанизам, градежништво, архитектура и заштита на животната средина при Општина Гевгелија или преку информацискиот систем е-урбанизам.