Навремено решавање на барањата во комуналното уредување
Во Одделението за уредување на градежно земјиште, патишта и улици
во општина Гевгелија минатата година преземени се повеќе активности врз основа на поднесените барања од граѓаните. Станува збор за барања поврзани со комуналното уредување на градежното земјиште, почнувајќи од барањата за одредување на комунален надомест, па, се до барањата за прекоп на улица.
Во 2018 година во ова одделение биле примени 337 барања за пресметка на надомест за утврдување на правен статус на бесправно изградените објекти, од кои биле наплатени 291 барање. Преку ова одделение до општина Гевгелија од страна на граѓаните и правните лица биле доставени 68 барања за користење на јавна површина и тоа, 29 пред деловни и угостителски објекти (25 одобрени), 20 за градежни работи и 19 за организирање на манифестации и презентации на јавни површини.
Од примените 20 барања за прекоп на јавна сообраќајница 19 биле одобрени, а од 5 барања за отстранување на дрвја, 4 биле одобрени, а едно е одбиено. Притоа, се настојува сите доставени барања навреме да бидат решени, бидејќи во најчест случај се работи за решавање на комунален зафат, за дореализација на некој инвестиционен зафат или пак пак реализација на некој бизнис план.