Советот на Општина Гевгелија одобри финансиски средства за лекување на Луна Поп- Костова
Oд Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година,
ќе бидат издвоени финансиски средства во висина од 300.000 денари наменети за лекување на Луна Поп- Костова, одлучи Советот на Општина Гевгелија на последната 29. седница. Имено, на предлог на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, уследи иницијатива пред Советот од општинскиот буџет, којашто едногласно беше усвоена, да бидат издвоени 300.000 денари за 14-годишната гевгеличанка. На која и е потребно итно лекување во Турција поради дијагностицирана спастична целебрална парализа по раѓањето и дополнителна медицинска состојба сколизоза којашто е во последен стадиум.
Имено, во тек се неколку хуманитарни акции за собирање на потребната сума во висина од 65.000 евра за оперирањето на Луна, во коишто учестуваат дечиња со продавање крофни, слатки и лимунада, ОО Црвен крст Гевгелија со поставувањето кутии за донации на јавни места, како и отворени донаторскa сметкa и телефонски линии на операторите A1 и Т- Mobile и електронски уплати за донации преку веб-страницата GoFundme.