Висок процент на опфатеност со вакцинација од заразни и болести
Вакцинациите како многу важна превентивна мерка предвидена
со Програмата за задолжителна имунизација има голема улога во намалувањето на морбидитетот на поедини болести против кои се врши задолжителна имунизација, нагласува во својот извештај Центарот за јавно здравје-Велес ПЕ Гевгелија. Епидемиолошкото одделение секоја година на основа на Републичката програма за имунизација изготвува Програма за спроведување на задолжителна имунизација против определени заразни болести. Според извештајот за извршената имунизација за 2017 година во Гевгелија се постигнати високи проценти на опфатеност на најмладите со ваквинација.
Извшена е примовакцинацијата против ДИ-ТЕ-ПЕР 100%, ревакцинација прва со ДИ-ТЕ-ПЕР 96%.Ревакцинација со ДИ-ТЕ- на 7 годишна возраст 100% и на 14 годишна возраст 100,0%. Ревакцинација со ТЕ-100,0%. Исто така, извршена е примовакцинација против детска парализа со опфат 98%, а ревакцинација прва со опфат 93%. Ревакцинација на 7 години 100% и ревакцинација на 14 години 81,0%.
Покрај ова извршена е М-Р-П вакцинација со 67%, а ревакцинација 96,0%.Вакцинацијата против хепатит Б е изведена со опфат од 100,0% и вакцинација со ХИБ 97%. Опфат со ХПВ е 100,0%.