Трето прскање против комарци во општина Гевгелија на 10 и 11 август
Третото прскање против комарци, и ларвицидно и теристичко,
во општина Гевгелија ќе биде спроведено на 10 и 11 август 2023 година. Имено, согласно агендата за реализација на последниот третман против комарци што го организира ЦРЈИПР, на 10 август (четврток), во населените места од општина Гевгелија, со почеток во 18:00 часот, ќе се изврши теристичкото прскање против возрасни комарци, а на 11 август (петок), со почеток во 22:00 часот, во градот Гевгелија. Ларвицидниот третман ќе се реализира на 11 август (петок), со почеток во 10:00 часот.
За таа цел, се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземаат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат во најавениот период. Доколку временските услови се неповолни, третманот ќе биде презакажан за друг ден.