ОО Црвен крст- Гевгелија, лиценциран давател на услугата- лична асистенција на лица со попреченост
ОО Црвен крст- Гевгелија, по успешното имплементирање
на активностите за воспоставување на услугата лична асистенција на лица со попреченост, од страна на Министерството за труд и социјална политика доби лиценца за давател на услугата. По тој повод, градоначалникот на општина Гевгелија, Aндон Сарамандов, ги посети опремените простории во Пионерскиот дом- Гевгелија, коишто Советот на Општина Гевгелија им ги додели на времено користење за давање на услугата на подрачјата на Општина Гевгелија и Општина Богданци. Просториите се опремени за потребите на личните асистенти, со кои Градоначалникот, во рамки на посетата, оствари средба.
Всушност, Општина Гевгелија и Општина Богданци се првите општини, коишто, во партнерство со ОО Црвен крст- Гевгелија, ќе започнат со давањето на услугата, во рамки на Проектот на МТСП за подобрување на социјалните услуги на локално ниво, финансиран од Светска банка. Како што е предвидено, на подрачјето на општина Гевгелија услугата ќе ја даваат 10 лични асистенти, а на подрачјето на општина Богданци 2, за вкупно 24 корисника- лица со попреченост.