Започната изградбата на патот до „Толик“
Започна изградбата на патот до местото
викано „Топлик“ во општина Гевгелија. Овој проект, по успешната апликација на Општина Гевгелија со Проектот: „Пристап до земјоделско земјиште“ на Јавниот повик, се реализира со одобрени средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. Вкупната должина на патот е 560 метри, а неговата изградба е во вредност од 851.439 денари.
Заради потенцијалот на местото викано „Топлик“ да прерасне во рекреативен центар којшто ќе го користат граѓаните на општина Гевгелија, по иницијатива на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, е изработен основен проект за реализација.