Усвоен Кварталниот извештај за второто тримесечје
На 30. седница, Советот на Општина Гевгелија,
со мнозинство гласови го усвои Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година, за периодот 1 јануари - 30 јуни (кумулативно) 2023 година. Во овој период, од вкупно проектираниот Буџет на Општина Гевгелија за 2023 година, во висина од 592.670.290 денари, реализирани се вкупно приходи во висина од 293.881.548 денари или 49,59%, од кои тековно оперативни приходи 269.265.022 денари и 24.616.526 денари капитални приходи. Додека, реализирани се вкупно расходи во висина од 254.954.208 денари, од кои 220.595.402 денари се тековно оперативни расходи и 34.358.806 денари капитални расходи. Во Основниот буџет, од планираните 286.926.489 денари реализирани се 154.682.628 денари приходи или 63,70%. Додека, во структурата на реализираните расходи на Основниот буџет во висина од 119.818.801 денар, капиталните расходи учествуваат со 34.152.885 денари или 28,51%.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, се осврна на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија во второто годинашно тримесечје:
- Заклучно со 30.6.2023 година, во Основниот буџет имаме реализација на 154.682.628 денари или 63,70% од планираните средства, додека на расходната страна имаме реализација од 119.818.801 денар или околу 47,00% од планираните средства за 2023 година. Околу 38 милиони денари се пренесуваат средства од вториот во третиот квартал. Во однос на капиталните расходи, имаме 34.152.885 денари или 28,15% што е солиден процент на реализација во однос на процентот од минатите години, а од друга страна имаме плус средства коишто се пренесуваат и ќе се реализираат за капитални инвестиции. Во однос на приходната страна, има покачување на ставката од наплата на данок на имот за околу 4,5 милиони денари за разлика од минатата година.
Исто така, имаме зголемување на приходот во делот на уредувањето на градежното земјиште за 40 милиони денари споредбено со минатата година. Зголемување на приходите има и од продажбата на градежно земјиште во износ од 24.000.000 денари. Што се однесува на расходната страна, зголемени се другите оперативни расходи заради доспеани обрвски од ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија и други трансфери за подмирување обврски кон Центарот за развој на Југоисточен Плански Регион. Со што намалени се обврските околу 30.000.000 во однос на минатата година.