Уредена и улицата „Илија Миов“ во Гевгелија
Заврши и уредувањето на улицата „Илија Миов“
во Гевгелија со комунална и патна инфраструктура. И оваа улица во јужниот дел, по завршувањето на градежните активности за атмосферска канализација и покривање на улицата со асфалт, е целосно изградена. Согласно проектот за изградба на „Илија Миов“, останува уште бетонско поплочување на подлогата на мал дел од улицата. Градежните активности започнаа уште на самиот почеток од Проектот за изградба на атмосферска канализација на 1/3 од Гевгелија, односно на улиците во јужниот дел на градот.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, истакна дека гевгеличани издржаа мошне тежок процес, затоа што беше попречено нормалното одвивање на сообраќајот, но со реализацијата на проектот конечно им се решаваат долгогодишните проблеми со одведување на атмосферските води, како и значително им се подобрува пристапноста до подобра патна инфраструктура со целосното асфалтирање на улиците по нивното раскопување.