Реновиран стариот објект на ЗИК „Винојуг“ во Богородица
Реконструиран е стариот објект на ЗИК „Винојуг“
со просториите на Пензионерското во населеното место Богородица. По завршувањето на изведбените работи за уредување на објектот, беше означено пуштањето во употреба. На свеченоста, присуствуваа бројни гости, жители на Богородица, меѓу кои и градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов.
- Oстварено е уште едно ветување, завршена е реконструкцијата на овој објект, значаен за богородичани. Неговото повторно ставање во функција како општествено-корисен објект, а во корист на мештаните отвора нови врати, посакувајќи им многу убави моменти.
Реконструкцијата на стариот објект на ЗИК „Винојуг“ опфаќа комплетно реновирање на кровот, сменета столарија, нов под и уредување на санитарните јазли, како уредување на останатите внатрешни и надворешни простории. Зафатот се реализираше со средства од општинскиот буџет.