Општина Гевгелија ќе аплицира со Проект за изградба на нов урбан зелен парк
Општина Гевгелија ќе аплицира со Проект за изградба
на нов урбан зелен парк со урбана опрема и одредени содржини на отворениот Јавен повик за финансирање на предлог-проекти за инвестициони активности од ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Македонија, по усвоената одлука од Советот на Општина Гевгелија за аплицирање на проектот, имплементација и обезбедување одржливост на последната 31. седница.
Всушност, овој предлог-проект е подготвен врз основа на партнерството и потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу Општина Гевгелија заедно со Граѓанското здружение од областа на животната средина „Виртуелен инкубатор за иновиации и нови технологии - Винт Гевгеија“ од македонска страна и Општина Сапарева Бања од Република Бугарија, како водечки партнер во Проектот. Специфичната цел на овој Повик на ИПА-ППС е „Подобрување и зачувување на природата, биодиверзитетот и зелената инфраструктура, вклучително во урбаните средини и намалување на сите форми на загадување“.
Средствата за овој Проект се обезбедуваат од ЕУ (ЕРДФ И ИПА Фондови) и Национално кофинансирање од 15% од Министерството за локална самоуправа).