На јавен увид, Урбанистички проект вон опфат на УП со намена А4.1 и Студија на КП 7608, 7642/1 и 2
Општина Гевгелија организира јавен увид
на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена А4.1- Хостели, пансиони и згради со апартмани и студија на КП 7608, 7642/1 и 7642/2 КО Гевгелија, општина Гевгелија. Јавниот увид ќе трае 15 работни дена, односно до 27 октомври 2023 година.
Урбанистичкиот проект зафаќа површина од 3.041 м2 или 0.3 ха. Истиот е објавен на веб-страната на Општина Гевгелија, од каде можат да се преземаат анкетните листови и достават писмени забелешки, предлози и мислења во просториите на Одделението за урбанизам, архитектура, градежништво и заштита на животната средина, во спомнатиот рок.