За 41 милион денар, зголемен Буџетот на Општина Гевгелија
Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година
од вкупниот износ 598.552.512 денари е зголемен за 41.512.090 денари. Со измените и дополнувањата, усвоени на вчерашната 32. седница на Советот на Општина Гевгелија, вкупниот износ на Буџетот е утврден на 640.064.602 денари. Зголемувањето на Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година се однесува на зголемување- на Основниот буџет за 26.253.540 денари, буџетот на самофинансирање за 238.000 денари и буџетот на дотации за 15.960.581 денар, додека за 940.031 денар се намалува буџетот на донации. Овие средства во висина од 41.512.090 денари се пренесени во одредени програми и ставки во Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година.
Со измените и дополнувањата, во Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година, капиталните приходи во вкупната структура учествуваат со 43.779.554 денари или 6,84%, додека капиталните расходи во Основниот буџет со 34,64% или 79.830.242 денари, со што ја задржуваат развојната компонента на Општина Гевгелија.