![Image](/images/2022/02/15/logo-gvg.png)
„Фолклорен ѓердан“ во пресрет на 7 Ноември
![](/images/2023/11/06/399261109_359965819729138_655065954910288322_n.jpg)
На сцената во Народниот театар- Гевгелија, се одржа
„Фолклорен ѓердан“, традиционалната фолклорна манифестација, којашто ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија ја организира во рамки на седмоноевриската културно-уметничка програма. „Фолклорен ѓердан“ го отвори домаќинот, Ансамбл „Бојмија“, со изведба на неколку кореографии од своите поставки. Пред многубројната публика, покрај домаќините, настапија и годинашните гости- Флоклорното студио „Блажевски“- Скопје, којшто, исто така, го промовираше македонскиот фолклор и КУД „Паја Зариќ“- Нови Карловци од збратимената Општина Инџија, Република Србија со изведба на кореографии од српскиот фолклор.
Гевгеличани уживаа во фолклорната вечер, во пресрет на празникот 7 Ноември- Денот на ослободувањето на Гевгелија.