Неодговорни лица шират лажни вести за киднапирање на деца во Гевгелија
Секторот за внатрешни работи Струмица -
Надворешна канцеларија за криминалистички работи во Гевгелија, ја известува јавноста во општина Гевгелија, дека на подрачјето на Полициската станица од ОН Гевгелија, НЕ СЕ пријавени никакви обиди за киднапирање на деца, ниту пак обиди за убиства на деца. Станува збор за лажни вести што ги шират неодговорни поединци со цел да внесе страв меѓу граѓаните, се вели во соопштението на СВР-Струмица..
Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на лажни гласини и шпекулации пласирани во јавноста преку социјалните мрежи и да се информираат само од релевантни извори на информации или директно да се обратат во СВР Струмица, се вели во соопштението.
Соопштението од СВР-Струмица е издадено по барање на градоначалникот на општина Гевгелија, а по засилените шпекулации и гласини за некакви обиди за киднапирање и за убиства на деца. Истовремено, се контактирани сите училишта и јавни образовни установи и им е укажано на одговорните лица и вработените дека станува збор за лажни вести што ги шират неодговорни лица. Притоа, се осудува посебно појавата на социјалните мрежи да се прифаќаат и споделуваат лажни вести кои предизвикуваат вознемиреност кај граѓаните. Покрај ова, е побарано од надлежните државни органи против ваквите лица да преземат санкциони мерки соодветно на законските одредби.