Завршна конференција за реализација на Проектот IDEAS
Во прекрасен амбиент и со голем интерес
беше проследена завршната конференција на Проектот IDEAS. Овој проект се фокусираше на паметно земјоделство и производство на квалитетна и безбедна храна. Предвидените проектни активности опфаќаа: обуки за примена на теоретски и практични вежби за изучување на алатки за паметно земјоделство, обуки за ЕУ регулативите за здравје и безбедност на храна, набавка и поставување на опрема за паметно земјоделство базирано на LoraWAN технологија, како и мониторинг и техничка поддршка на избраните бизнис-идеи. Покрај презентацијата на проектните активности, на Kонференцијата имаа можност да се претстават и добитниците на техничка и дигитална поддршка, кои поднесоа пријава за учество во рамки на Повикот за иновативни бизнис- идеја од областа на земјоделско – прехранбениот сектор.
Претставникот Ѓорѓи Беќаров, од Пчеларска фарма „Беќарови“, ја претстави својата интернет-продавница на Пчеларската фарма Беќарови, „Балески Органик“ ги презентираше резултатите од воведувањето на дигитализација во комора за одржување и за добивање производи со додадена вредност. Додека, Бруно Алчинов од Апи – тераписки центар „Ристо Алчинов“ сподели информации за усовршување на апи – терапискиот пристап кон зголемена следливост. За дигитализација на пчеларско производство со јавно – достапни информации, презентираше Кристијан Алчинов од Здружението „Апитоксин“, а на крајот се претставија „Гевгелија Точак клуб“ со Проектот за овозможување услови за привлекување на вело туристи преку промоција на локални угостителски и сместувачки објекти во Југоисточниот Регион.
Проектот „Иновации, развој и вработување во земјоделскиот сектор“ со акроним IDEAS се реализира во рамки на Interreg IPA – CBC програмата за прекугранична соработка ГР – МК за програмскиот период 2014 – 2020, а го имплементираат Фондацијата за локален развој на информатички технологии – Гевгелија, во партнерство со Американското земјоделско училиште од Солун, Грција и Мрежата за рурален развој на РСМ од Скопје.