Општина Гевгелија со активности против насилство врз жените
И Oпштина Гевгелија се приклучи на
16-дневниот активизам за борба против насилство врз жените. За таа цел, беше изработен информативно-едукативен материјал, којшто беше поделен на Градскиот плоштад во Гевгелија на повеќе возрасни групи- жени и мажи и девојки и момци. Имено, целта на Општина Гевгелија со оваа активност е да се подигне свеста за намалување и искоренување на родовото базирано насилство, како и неговото препознавање и пријавување до надлежните служби за постапување во случаи на насилство. Првата активност се спроведе во соработка со Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Гевгелија, Локалното собрание на млади и Локалниот младински совет на Општина Гевгелија. Исто така, информативно-едукативен материјал ќе биде поделен и во гевгелиските училишта.
Во рамки на Програмата за активностите на Општина Гевгелија во областа на еднаквите можности на жените и мажите и за време на Кампањата, ќе биде прикажан и документарниот филм „Не биди моја приказна- Охрабри се“, чија премиера е закажана за 7 декември 2023 година, во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 19:00 часот.