36. седница, Советот на Општина Гевгелија ќе ја одржи на 27 декември
Советот на Општина Гевгелија, на 27 декември 2023 година,
ќе расправа по Предлог-Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година, како и по повеќе програми и одлуки коишто се поврзани со општинскиот буџет за идната година. На 36. седница на Советот на Општина Гевгелија, исто така, ќе се расправа и за неколку одлуки од урбанистичкото работење, Финансиските планови за 2024 година на општинските културни установи, училишта и детски градинки, како и Финансискиот извештај на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за 2023 година, со посебен осврт на периодот 01.07.2023 - 30.09.2023 година. Седницата ќе се одржи во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 10:00 часот. За работа на 36. седница на Советот на Општина Гевгелија, е предвиден следниот дневен ред:
1. Предлог-Буџет на Општина Гевгелија за 2024 година,
2. Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година,
3. Предлог-Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници вработени во Општина Гевгелија за 2024 година,
4. Предлог-Буџетски календар на Општина Гевгелија за 2024 година,
5. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште во општина Гевгелија за 2023 година,
6. Предлог-Програма за уредување на градежното земјиште во општина Гевгелија за 2024 година,
7. Предлог-Програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските улици и патишта во општина Гевгелија за 2024 година,
8. Предлог-Програма за работа во областа на располагањето со градежното земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Гевгелија за 2024 година,
9. Предлог-Програма за изработка на урбанистички планови во општина Гевгелија за 2024 година,
10. Предлог-Програма за финансирање, одржување и заштита на објекти од културно наследство, споменици и други објекти во општина Гевгелија за 2024 година,
11. Предлог-Програма за поставување урбана опрема на подрачјето на Општина Гевгелија за 2024 година,
12. Предлог-Програма за одржување на јавното осветлување во општина Гевгелија за 2024 година,
13. Предлог-Програма за дезинфекција, дезинсекција, дератизација во општина Гевгелија за 2024 година,
14. Предлог-Програма за активностите на општина Гевгелија во областа на Локалниот економски развој (ЛЕР) и прекуграничната соработка за 2024 година,
15. Предлог-Програма за активностите на општина Гевгелија во областа на Фондацијата за локален развој и развој на информатичките технологии (ФЛОРИТ)- Гевгелија за 2024 година,
16. Предлог-Програма за комуникација и транспарентност во Општина Гевгелија за 2024 година,
17. Предлог-Програма за активностите од областа на заштитата и спасувањето и справувањето со кризи на подрачјето на општина Гевгелија за 2024 година,
18. Предлог-Одлука за измена и дополнување на Одлуката за општински линиски превоз на патници во општина Гевгелија,
19. Предлог-Одлука за определување на тарифа/цена за општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина Гевгелија,
20. Предлог-Одлука за обезбедени средства во Буџетот на Општина Гевгелија наменети за надоместок за експропријација на недвижен имот за изградба на објекти од јавен интерес од локално значење за 2024 година,
21. Предлог-Одлука за утврдување граници на централното градско подрачје во Гевгелија,
22. Предлог-Одлука за донесување на Урбанистички проект со план за парцелација за формирање на нови градежни парцели од градежни парцели ГП 6.2.1 со намена В2-здравство и социјална заштита, ГП 6.2.2 со намена Б3-големи угостителски единици, ГП 6.2.3 и 6.24 со намена Б2- големи трговски единици и заштитно зеленило согласно ДУП за Блок 6 (6.1 и 6.2) КО Мрзенци, општина Гевгелија,
23. Предлог-Одлука за престанок на важење на Одлуката за донесување на Урбанистички проект со план за парцелација на ГП 7.5.2.04 Блок 7 - Гевгелија (КП бр.2886/2 КО Гевгелија) Општина Гевгелија, бр.09-178/1 од 30.01.2023 година,
24. Предлог-Програма за работа на Советот на Општина Гевгелија за 2024 година,
25. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија за 2024 година,
26. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија за 2024 година,
27. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија за 2024 година,
28. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци за 2024 година,
29. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ООУ „Климент Охридски“- Миравци за 2024 година,
30. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија за 2024 година,
31. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија за 2024 година,
32. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија за 2024 година,
33. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија за 2024 година,
34. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ЈОУ Работнички универзитет „Кирил и Методија“- Гевгелија за 2024 година,
35. Предлог-Решение за усвојување на Финансискиот извештај на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за периодот 01.01.2023 - 30.09.2023 година, со посебен осврт на периодот 01.07.2023 - 30.09.2023 година.