Младинска работилница за ментално здравје
Општина Гевгелија, во соработка со Локалниот совет
на Општина Гевгелија, на 28 декември, во просториите на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија, организира работилница за младите на тема „Ментално здравје“. Младинскиот совет на Општина Гевгелија ги поканува заинтересираните (на возраст од 15 до 29 години) да го пријават своето учество кај службеникот за млади, на следнава e-mail адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .
Работилницата ќе биде спроведена од страна на м-р Розита Андонова, психолог и психо-драма терапевт и е дел од активностите предвидени во Програмата за работа на Локалниот младински совет на Општина Гевгелија за 2023 година. Работилницата ќе започне во 14:30 часот.