Нови 200 дрвца на дрворедот на продолжението на Булеварот “Гевгелија“
На продолжението од Булеварот „Гевгелија“
започна сеидбата на нов дрворедот. На булеварот ќе бидат засадени 200 дрвца јавор со што всушност ќе биде целосно завршен овој дрворед. Имено, минатата година на продолжението од булеварот беа засадени 85 дрвца.
Пред сеидбата на новиот дрворед, се поставува систем „капка по капка“ што е донација од компанијата „Конти Хидропласт“, а по што ЈПКД„Комуналец“ ќе ја организира сеидбата на веќе набавените дрвца јавор. Со сеидбата на дрворедот долж целиот булевар општина Гевгелија ја започнува пролетната акција за обнова на садниците со дрвја на одделни сообраќајници во градот.