Во дворот на Пионерски дом поставени детски играчки
Во дворот на Пионерскиот дом во Гевгелија се поставени
детски играчки со што започнува урбаното уредување на овој простор. Играчките се донација од конфекциската фабрика „Меркјури“ во Гевгелија, кои ја изврши набавката. Додека пак поставувањето го извршија вработените во ЈПКД„Комуналец“, кои ќе постават и клупи крај играчките.. Со новите играчки во дворот на Пионерскиот дом значително се збогатува понудата и можноста за рекреација на децата во оваа установа.
Градоначалникот на општина Гевгелија се заблагодари до донаторот, кој на конкретен начин ја потврди својата општествена одговорност. Истовремено, најави дека на повеќе локации во Гевгелија и во населените места ќе бидат уредени детски игралишта. Во тек е тендерската постапка за набавка на детските играчки и урбана опрема, а по изборот на најповолен изведувач ќе почне и реализацијата на овој проект.