Нови детски играчки во дворот на пионерски дом
Во дворот на Пионерскиот дом во Гевгелија
е уредено ново катче за рекреација на децата. Поставени се детски играчки со што започнува урбаното уредување на овој простор. Играчките се донација од Текстилната корпорација ДООЕЛ Негорци, која ја изврши набавката и ги донираше играчките на општина Гевгелија. Додека пак поставувањето на играчките го извршија вработените во ЈПКД„Комуналец“, кои ќе постават и клупи. Со новите играчки во дворот на Пионерскиот дом значително се збогатува понудата и можноста за рекреација на децата во оваа установа.
Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поков се заблагодари на донаторот, кој на конкретен начин ја потврди својата општествена одговорност. Истовремено, најави дека на повеќе локации во Гевгелија и во населените места ќе бидат уредени детски игралишта. Во тек е тендерската постапка за набавка на детските играчки и урбана опрема, а по изборот на најповолен изведувач ќе почне и реализацијата на овој проект.