Априлијада 2019: Бабушки и пролетни цвеќиња - најкреативни маски
Најкреативните и најоригинални маски
на вечерашната АПРИЛИЈАДА 2019, која привлече големо внимание, имаа Бабушки и дедушки од 3.одделение во ООУ„Крсте.Мисирков“ во Гевгелија, кои го освоија првото место заедно со Пролетни цвеќиња на групата Мики Маус од ЈДУ„Детска радост“. Второто местого освоија Жирафи на 1-б од ООУ„К. Мисирков“ иЛебедово езеро на3-1 од ООУ„В. Кантарџиев“. Третото место го освоија маските Сладолед на учениците од 4-2 во ООУ„В. Кантарџиев“ и Ангели и гаволи на 5- г од „К. Мисирков“ Четвртото место им припадна на маските -Крал и кралица на 3.-2 одделение во „В. Кантарџиев“ и Рапери -од 4.-а во „К. Мисирков“
На гевгелиското шеталиште вчера во Априлијадата 2019 што традиционално ја организира Пионерскиот дом – Гевгелија, над 1000 деца и ученици од детските градинки и двете основни училишта во Гевгелија ја славеа шегата, смеата и детската креативност. СДтручното жири во состав на Александар Јанев, Дамјан Ѓуров и Андријана Манчева ги одбра најкреативните групни маски изработене од учениците со помош на нивните наставници и родители. Гости на настанот беа дечињата од музичкиот фестивал Распеани дечиња и членовите на Mystic dance од Гевгелија.