Извршено ждребување за истакнување на изборни плакати
Во општина Гевгелија денес беше
извршено ждребување на политичките партии-учеснички во изборниот процес за претседател на РМ за истакнување на изборни плакати. Согласно одлуката на Советот на општина Гевгелија за локации за истакнување на изборни плакати се одредени северната страна од оградата на Градскиот стадион, источната страна од оградата на стариот Градски пазар и натпатникот кај бензинската пумпа на Макпетрол, а во непосредна близина на АД„Трансбалкан“.
По извршеното ждребување од страна на претставниците на политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ беше извршено расподелување на просторот, кои овие учесници во изборниот процес ќе ги користат за истакнување на својот пропаганден материјал.