Извршено лаврицидно теренско третирање против комарци
Првото лаврицидно прскање против комарци
во Гевгелија и околината веќе е извршено. Општина Гевгелија во соработка со Центарот за јавно здравје-ПЕ Гевгелија годинава значително порано е спроведена оваа заштитна мерка од комарци. Теренското третирање против лаврициди од комарци на локации крај вода и водени површини, идентификувани како лежишта на комарци, е извршено на површина од околу 10 хектари.
До 15 април се предвидува да биде извршено уште едно теренско лаврицидно третирање против комарци, но во надлежните општински служби нагласуваат дека ако има потреба ќе биде извршено и трето третирање.
Потоа, ќе следат прскања против комарци, кои годинава општина Гевгелија ќе ги организира самостојно, а не преку заедничката акција за авионско прскање против комарци на целата територија од Југоисточниот плански регион. Издвојувањето од регионот произлезе поради слабите ефекти на подрачјето на општина Гевгелија, од авионското третирање на територијата на сите десет општини. Исто така, постојат стручни укажувања дека ефектите од теренската заштита од комарци се многу поголеми отколку од авионското прскање.